top of page

Спаси

Милениче

ДОНИРАЈ!

За Mona & Friends

непрофитна организација со мисија да им помогне и најде постојан дом на бездомните животни

Mona & Friends произлезе од ситуацијата со животните скитници во Македонија која е алармантна, и желбата да им се помогне. Најпрво би започнале со покривање на трошоци за третман и ветеринар, грижа и барање на постојано место за живеење, но нашиот главен фокус е да изградиме соодветно засолниште со соодветни услови за престој и лекување. Ова ќе биде и место каде што може да дојдете и да си одберете милениче за вдомување. Ние сме водени од единствена цел: да дадеме придонес во правење на светот подобро место за сите.

About
Donate
Помогнете ни да ја оствариме нашата цел преку донација
​EVERY PENNY MAKES
A DIFFERENCE!
PayPal ButtonPayPal Button

Доколку преферирате банкарски трансфер, ве молиме контактирајте не за повеќе информации.

Каде одат вашите донации?

Донациите ќе ги искористиме за да изградиме засолниште. Засолништето ќе има приемно одделение, ветеринарна амбуланта и ветеринарна болница, одделение за карантин, кафетерија, апартман за ноќевање за дежурен персонал, простории за престој на мали животни, просторија за големи животни и просторија за прием за оние кои се заинтересирани за вдомување. Погледнете го 3Д моделот подолу.

Home: What We Do
Dog Wash
Како ние помагаме

Грижа & Третман

Изградба на засолниште

Наоѓање на постојан дом

Story
Тажното кралство на бездомните миленици

Секој што е љубител на животни барем еднаш во животот сочувствувал со тешкиот живот на бездомни животни на улица.

 

Да се ​​биде дел од улицата, оставен сам, не е воопшто лесно. Многумина се родени под отворено небо, оставени сами, бркани и тепани од луѓето. На студ, снег, ветер, пеколна топлина, дожд, без покрив над главата. Другите некогаш биле дел од нечие семејство, но немилосрдно биле фрлани како играчки на улица, не знаејќи што се случува и каде погрешиле за да останат сами.

Не знаеме дали знаете, но животните скитници се можеби едни од најпаметните и најмили миленици што можете да ги имате во животот. Нивниот тежок секојдневен живот ги прави многу благодарни ако им дадете рака и топол дом. Талкањето под отворено небо во сите временски услови и преживувањето ги прави неверојатно паметни! Бездомните животни имаат најтажни судбини!

 

Труењето во Македонија е секојдневна пракса.

Сакајќи да го смират гладот, тие ја јадат секоја храна што ќе ја најдат, не знаејќи дека некоја од нив е отровна. Илјадници невини животи полни со љубов починаа на улиците на ова тажно кралство!

Но, тоа не е најстрашната работа со која се соочуваат секој ден.

Луѓето со ѓаволска душа се оние кои се најстрашни за нив! Ги тепаат без причина дури и додека спијат. Ги бркаат, па дури и кога конечно ќе најдат некое засолниште, повторно се тепани и убивани. Луѓето ги гледаат со најголем презир и омраза, а тие не штетат никому и се што сакаат е да имаат дом!

Државата никогаш не најде соодветно решение за сите овие животи, но ние сметаме дека е ДОСТА!

Home: Contact
Контактирајте не!

Алтернативно, можете да ја пополните следната контакт форма

Thanks for submitting!

USA +1 630 453 4860

USA +1 630 785 8469

  MK +389 70 350 569

  • Instagram

Следете нè на Инстаграм

bottom of page